Нова eра на mетеорологијатa во Македонија со нов изглед на meteoalarm.mk
Во свет каде временските услови стануваат сè понепредвидливи, потребата за точни и навремени метеоролошки прогнози е поголема од кога било. Во таа насока, со гордост го претставуваме новиот изглед и подoбрената функционалност на meteoalarm.mk – вашата дестинација за најпрецизни метео анализи и прогнози во регионот.
Новиот дизајн на meteoalarm.mk нуди чист и минималистички приказ на содржините, со цел подобрување на искуството на посетителите. Секоја информација е внимателно организирана и категоризирана за лесен и брз пристап до бараните содржини. Новиот брендинг и лого симболизираат нашата посветеност кон иновациите и квалитетот на информациите кои ги нудиме.
Нашата мисија е јасна: да обезбедиме најточни и најпрецизни метео анализи и прогнози за регионот. Со долгорочна цел да станеме прв избор и бренд за метео анализа во Македонија и пошироко, meteoalarm.mk се обврзува на постојано усовршување и иновации во областа на метеорологијата.
Славчо Попоски, нашето водечко лице и сертифициран метеоролог со 12 годинишно искуство, го води тимот на meteoalarm.mk со страст.. Неговите анализи и прогнози се базираат на најсовремени технологии и методологии, туку и на одлично разбирање на локалните и регионални климатски услови. Посветено се стремиме кон максимална точност која може да им користи на сите, од скијачи кои посакуваат повеќе и редовен снег и нежно сонце, летувачи кои копнеат по серија од 10 дена мирна вода за пливање, до земјоделци кои се молат да нема бури и невремиња за доброто на сите нас.
Нашиот план за развој и експанзија вклучува соработка со локални и регионални медиуми за да обезбедиме побрз и поширок пристап до точни и навремени временски прогнози.
Во meteoalarm.mk веруваме дека во ера на граѓанско новинарство, комуникацијата со нашата заедница е клучна.
Meteoalarm.mk е се сите кои имаат потреба од точна метео информација: од обични граѓани до бизниси и јавни институции, земјоделци и земјоделски организации низ целиот Балкан.
Посетете ја нашата нова веб-страница сега и уверете се во нашиот квалитет и професионализам.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by