Вчера, вторник 23 јуни силно невреме ја зафати Македонија
Во текот на вчерашното попладне и рано вечерта, вторник 23 јуни, поради влијанието на циклонската активност со центар над Турција, во Македонија на повеќе места имаше развој на конвективни облачни грмотевични јадра кои придонесоа да има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Поради големата енергија во атмосферата која е многу загреана, локално имаше интензивни атмосферски процеси и појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со локална појава на град.

Најпогодена од невремето беше Битола каде има пријава на штети од граѓани а исто така во Битола вчера наврна и најмногу дожд, и тоа 26 литри на метар квадратен дожд за време на невремето и на големата нестабилност. Појава на поголемо невреме имаше вчера и во Виница каде наврнаа 21 литар дожд на метар квадратен.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на вчерашното попладне и рано вечерта, вторник 23 јуни, поради влијанието на циклонската активност со центар над Турција, во Македонија на повеќе места имаше развој на конвективни облачни грмотевични јадра кои придонесоа да има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Поради големата енергија во атмосферата која е многу загреана, локално имаше [...]


by