Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во [...]
Територијата на Македонија до вторник, 30 јуни ќе се наоѓа под влијание на Суптропски антициклон кој ќе одржува да имаме претежно стабилно, суво, сончево и многу топло време со многу високи температури на воздухот кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу [...]
Во текот на вчерашното попладне и рано вечерта, вторник 23 јуни, поради влијанието на циклонската активност со центар над Турција, во Македонија на повеќе места имаше развој на конвективни облачни грмотевични јадра кои придонесоа да има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Поради големата енергија во атмосферата која е [...]
Изминативе неколку денови Франција е погодена од екстремно топол бран кој условува да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места надминуваат 40 степени. Активен е црвен метеоролошки аларм во Франција поради екстремно високите температури на воздухот. На метеоролошката карта многу добро може да се види дека на многу места вчера понеделник, 22 [...]
Изминатата ноќ на повеќе места во Македонија беше тропска ноќ каде што температурите не се спуштија под 20 степени. На Скопје Зајчев Рид изминатата ноќ температурата изнесуваше 23 степени, во Гевгелија 22 степени, Во Струмица, Штип и во Виница таа изнесуваше 21 степен. Исто така 21 степен изминатата ноќ е измерен и во Тополчани а [...]
Вчерашниот ден 21 јуни недела, кога официјално и календарски ни започна летото, во Македонија е измерена највисоката максимална температура на воздухот досега годинава, и тоа во Велес каде вчера до 17 часот се измерени 37 степени. Во попладневните часови вчера особено во планинските предели имаше развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен [...]
Иако метеоролошкото лето започна на 1 јуни, календарски летото оваа година пристигнува на 21 јуни, односно во недела. Ова годишно време ќе трае до 22 септември, кога ќе започне есента. Летото е најтоплиот период од годината и се одликува со најдолги денови и најкратки ноќи. Почетокот на летото е поврзан со летната краткоденица, а 21 [...]
Денес недела 21 јуни, во попладневните часови особено во западните и во северозападните планински предели од Македонија ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме. Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, а во Скопје и [...]
Денешното утро сабота, 20 јуни во Македонија ни донесе ведро и релативно топло летно утро без никаква облачност и без некој изразен ветер. Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе, и тоа 9 степени а највисока температура утрово е измерена на Скопје Петровец и во Тополчани, и тоа 18 степени. На метеоролошката карта можете да [...]
Западна и југозападна Европа во периодот од недела (21 јуни) па најмалку се до среда (24 јуни) ќе биде на удар на екстремно топол бран од Африка кој ќе услови навистина да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места ќе се искачат и ќе надминат 40 степени, во делови од Шпанија и [...]











by