Славчо
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во [...]
Територијата на Македонија до вторник, 30 јуни ќе се наоѓа под влијание на Суптропски антициклон кој ќе одржува да имаме претежно стабилно, суво, сончево и многу топло време со многу високи температури на воздухот кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу [...]
Територијата на Македонија за време на викендов (сабота и недела 27/28 јуни) ќе биде под влијание на претежно стабилна, сува и на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која ќе условува да имаме претежно сончево и многу топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен [...]
Нестабилноста и циклонската активност со центар над Турција која ја зафати територијата на Македонија во изминатите два дена и донесе посилно невреме на повеќе места кај нас полека слабее и нестабилноста кај нас полека се намалува. Сепак и овие два дена, четврток и петок 25/26 јуни, по сончевото и топло претпладне, сепак во попладневните часови [...]
Во текот на вчерашното попладне и рано вечерта, вторник 23 јуни, поради влијанието на циклонската активност со центар над Турција, во Македонија на повеќе места имаше развој на конвективни облачни грмотевични јадра кои придонесоа да има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Поради големата енергија во атмосферата која е [...]
Територијата на Македонија и денес среда, 24 јуни останува да биде под влијание на циклонска активност со центар над Турција. Во ваква ситуација атмосферата ќе биде многу нестабилна и времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата [...]
Изминативе неколку денови Франција е погодена од екстремно топол бран кој условува да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места надминуваат 40 степени. Активен е црвен метеоролошки аларм во Франција поради екстремно високите температури на воздухот. На метеоролошката карта многу добро може да се види дека на многу места вчера понеделник, 22 [...]
Изминатата ноќ на повеќе места во Македонија беше тропска ноќ каде што температурите не се спуштија под 20 степени. На Скопје Зајчев Рид изминатата ноќ температурата изнесуваше 23 степени, во Гевгелија 22 степени, Во Струмица, Штип и во Виница таа изнесуваше 21 степен. Исто така 21 степен изминатата ноќ е измерен и во Тополчани а [...]
Циклонски систем со центар над Турција во деновите вторник и среда (23/24 јуни) во Македонија атмосферата ќе ја одржува многу нестабилна и често ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата и поради тоа што истата е загреана локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има [...]
Вчерашниот ден 21 јуни недела, кога официјално и календарски ни започна летото, во Македонија е измерена највисоката максимална температура на воздухот досега годинава, и тоа во Велес каде вчера до 17 часот се измерени 37 степени. Во попладневните часови вчера особено во планинските предели имаше развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен [...]











by