НАЈНОВА ЖАЛНА МЕТЕО ВЕСТ: Во страотните поплави во Босна и Херцеговина загинаа најмалку пет лица!
За жал, според првите информации, имаме и човечки жртви. Побаравме и помош од вооружените сили на Босна и Херцеговина за испраќање хеликоптер за спасување на животот на едно дете во Јабланица, рече премиерката Марија Бухач.
Најмалку пет лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија општината Јабланица на југот на Босна и Херцеговина, објавија босанските мдиуми.
Премиерката Марија Бухач потврди дека има жртви, но не може да прецизира колку има.
„За жал, според првите информации, имаме и човечки жртви. Побаравме и помош од вооружените сили на Босна и Херцеговина за испраќање хеликоптер за спасување на животот на едно дете во Јабланица“, рече Бухач на вонредната прес-конференција утрово во Мостар.
Членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ им изрази сочувство на семејствата на настраданите во поплавите.
„Изразувам најискрено сочувство до семејствата на настраданите во поплавите кои ја погодија нашата земја. Во овие тешки моменти изразувам длабока солидарност со граѓаните погодени од временските неприлики и стојам на располагање за секаков вид помош. Институциите на БиХ ќе ги преземат сите мерки за што побрзо да се санираат последиците од поплавите и на населението да му биде укажана соодветна помош“, изјави Комшиќ.
Повеќе лица се исчезнати. Во поплавите кои настанаа поради обилни врнежи има и многу повредени лица. Повеќе населени места се отсечени поради свлечишта, одрони и урнати патишта и мостови Излеани се неколку реки и езера.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]