Четврток 4 Јуни 2026: Времето ни беше променливо, посвежо и нестабилно
Денешниот ден Четврток 4 Јуни 2026 во Македонија беше променлив, посвеж и нестабилен и тоа поради влијанието на циклонската активност која од Џеновскиот залив се премести над нашата територија и услови и во текот на денешниот ден да имаме локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Оваа циклонска активност се преместува понатаму према исток и југоисток.

Најтопло денес до 17 часот беше во Велес со измерена максимална температура од 28 степени, а најмногу дожд во изминатите 9 часа до 17 часот попладнево наврна во Виница и во Лазарополе и тоа 4 литри на метар квадратен дожд. На табелата која попладнево ја објави УХМР можете да ги видите денешните максимални дневни температури на воздухот измерени до 17 часот попладнево по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 9 часа исто така до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by