Среда 3 Јуни 2026: Сончево и топло претпладне, потоа имаше локални врнежи и невреме
Денешниот ден беше топол и со пријатни летни температури на воздухот. Попладнево како што веќе кажав во централните предели од Македонија беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во Неготино имаше појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Нестабилноста беше со правец на движење од запад према исток.
Најтопло денес до 17 часот попладнево беше во Кавадарци и во Велес каде максималната температура достигна до 32 степени. Најмногу дожд пак во изминатите 9 часа до 17 часот попладнево наврна во Штип и тоа 4 литри на метар квадратен дожд.

На табелата која попладнево ја објави УХМР можете да ги видите максималните дневни температури измерени за денес Среда 3 Јуни 2026 до 17 часот попладнево по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 9 часа, исто така до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by