ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Наврнаа максимални 30 литри дожд
Во текот на вчерашната вечер и во текот на изминатата ноќ се до утринските часови од денешниот ден Четврток 4 Јуни 2026, територијата на Македонија беше под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив се преместуваше над нашата територија и услови на повеќе места во Македонија облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Локално атмосферските процеси беа поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер и со електрични празнења. Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Маврово и тоа 30 литри на метар квадратен дожд, потоа и во Лазарополе каде наврнаа 27 литри дожд на метар квадратен.
Од градовите пак најмногу дожд до 8 часот утрово наврна во Крива Паланка и тоа 23 литри на метар квадратен дожд.

На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените минимални температури по градови и места во Македонија за денешниот ден Четврток 4 Јуни 2026 до 8 часот утрово, како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа, исто така до 8 часот утрово, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by