Најнови вести
Циклонската активност која е со центар над Италија, попладнево и вечерва, како и утре (вторник), во најголем дел од Македонија ќе донесе нови обилни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. На повеќе места ќе има појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд кој би можел да услови локални поројни поплавувања, [...]
Изгаснат е пожарот на Галичица откако во овој дел заврна дожд. Како што велат од Центарот за управување со кризи, на Галичица веќе нема оган, а под контрола е ставен и пожарот кај Јасен, кој гори 25 дена. Пожарот на територијата на Општина Долнени, кој се движи кон селото Зрзе, е тежок за гаснење и [...]
Почитувани мои, со оглед на тоа дека доаѓа циклонска активност која ќе биде на висина и со центар над Италија, истата ќе услови и тоа од викендов, па се до вторник да имаме исклучително нестабилна атмосфера. Врнежи, грмежи и засилен ветер очекуваме во најголем дел од Македонија. На повеќе места ќе има појава на силно [...]
Почитувани мои, под влијание на висински циклон со центар над Италија, од овој викенд, па се до вторник атмосферата во Македонија ќе биде многу нестабилна, односно времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму. Поради загреаната атмосфера која е исполнета [...]
Почитувани, во продолжение ве информирам со важна актуелна метео најава, која верувам сите вие со нетрпение ја очекувате Поради очекуваното невреме, апелирам граѓаните да бидат крајно внимателни, односно за време на истото да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, и тоа во случај на појава на силни електрични празнења.
Почитувани, како што веќе најавив, од денес (среда 14.8.2024) влегуваме во нестабилен временски период, што значи дека атмосферата полека ќе се дестабилизира. Токму поради ова, во попладневните и во вечерните часови локално ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која е исполнета со [...]
Сезонски осврт за времето до крајот на летото, 2024 Автор: В. Спиридонов, редовен професор на ПМФ Компјутерска подршка: ФИНКИ Апликациите за прогноза и алерти за пожари (експериментална фаза) и топлотни бранови се развиени од страна на експерти од ПМФ и ФИНКИ. Скопје 08/08/2024 АВГУСТ 2024: Во првата половина се очекува потопол и релативно посув август (Сл.1). Топлотни бранови појава на суши и шумски пожари. Акцентот за овој месец би требало да биде даден на предвремената најава и алерти за потенцијалните области со повисок метеоролошки индекс за ширење пожари со [...]
Следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник во Европа ќе има големи температурни аномалии. Од една страна, ние во Македонија, како и целиот Балкански полуостров ќе биде зафатен од топлотниот бран "ЛУЦИФЕР" и истиот ќе услови насекаде да има екстремно високи температури на воздухот кој на многу места ќе се искачат до околу, па и [...]
Почитувани мои, утре (четврток), како и во петок и тоа поради продор на малку поладен атмосферски фронт на висина, во попладневните часови се очекува дестабилизирање на атмосферата во Македонија. Ова ќе услови локално да има развој на грмотевични облаци кои ќе условат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре особено нестабилно во попладневните часови ќе [...]
Почитувани мои, според најновите излези на прогностичките модели со кои располагам, големата суша и топлина во Македонија би можеле да потраат уште најмалку две недели, односно најмалку до 18 август. До тогаш продолжува долгиот период на сушно и стабилно време со многу сонце и топлина. Сепак, во попладневните часови ќе има појава на мала до [...]