НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА СЕ ОЧЕКУВААТ ПОПЛАДНЕВО И ВЕЧЕРВА, КАКО И УТРЕ (ВТОРНИК): Следува ново силно невреме

Циклонската активност која е со центар над Италија, попладнево и вечерва, како и утре (вторник), во најголем дел од Македонија ќе донесе нови обилни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер.

На повеќе места ќе има појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд кој би можел да услови локални поројни поплавувања, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Апелираме во случај на појава на невреме, како и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2). Сето ова очекуваме многу да помогне во гаснење и на останатите неколку помали пожари во Македонија.

И во Скопскиот регион денес попладне  и навечер, како и утре (вторник) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 денес, а утре (вторник) тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 32 степени. Во Скопје  температурата ќе се искачи до околу 33 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

 







Занимливости