ВЛАДО СПИРИДОНОВ, ДОКТОР ПО МЕТЕОРОЛОГИЈА: Сезонски осврт за вториот дел од летото 2024 година – Поради намалувањето на денот и се подолгите ноќи, полека ќе се намалуваат и горештините

Сезонски осврт за времето до крајот на летото, 2024

Автор: В. Спиридонов, редовен професор на ПМФ

Компјутерска подршка: ФИНКИ

Апликациите за прогноза и алерти за пожари (експериментална фаза) и топлотни бранови се развиени од страна на експерти од ПМФ и ФИНКИ.

Скопје 08/08/2024

АВГУСТ 2024: Во првата половина се очекува потопол и релативно посув август (Сл.1). Топлотни бранови појава на суши и шумски пожари. Акцентот за овој месец би требало да биде даден на предвремената најава и алерти за потенцијалните области со повисок метеоролошки индекс за ширење пожари со цел носење превентивни мерки. Во Македонија температурите во месец август ќе бидат 1-2 ºС степени повисоки од просечните за овој период. Во Скопје и околината просечната максимална температура на воздухот во август ќе биде над повеќегодишниот просек (32.4 ºС), и истата ќе изнесува околу 34 ºС. Месечните суми врнежи во текот на август ќе бидат со вредности околу 10 mm под повеќегодишниот просек (37.4). Во Скопје и поширокото подрачје средната месечната сума врнежи ќе биде околу 34 мм. Во услови на високи температури, топлотни бранови, дефицит на врнежи и појава на суши, може да се очекува зачестена појава на пожари. Но сепак веројатни се и повремени продори на поладен воздух и нестабилни услови, со развој на конвективни облаци со поројни врнежи, молњи и грмежи,  силен ветер, суградица или град, а локално не се исклучува и појава на временски непогоди.

 

СЕПТЕМВРИ 2024: Потопол и просечно влажен септември во југозападниот дел, и потпопол и во рамките на просечниот во останатите делови од Македонија. Се предвидува продолжено лето, во првата половина на септември. Во Скопје просечната максимална температура на воздухот во текот на септември изнесува 26.5 ºС , ќе има вредност во интервалот од 28 до 29 ºС. Во поголем дел од Македонија, месечната количина на врнежи во текот на септември ќе остане во рамките на повеќегодишниот просек, додека во Скопје и околината вкупната месечна сума врнежи во септември ќе изнесува околу 40 мм. Иако според проценките,  првата половина на септември ќе биде со релативно повисоки температури од просечните, сепак со намалувањето на денот, дневното загревање ќе биде компензирано со ноќното ладење, создавајки радијационен баланс, и поизразени температурни амплитуди, кое ќе условат постепено сторнирање и намалување на негативните последици од климатските промени и варијации ова лето

 

Сезонски осврт за вториот дел од летото 2024 год.        

Краток освт за првиот дел од летото-2024 г.

Анализата и проценките за првиот дел од летниот циклус-2024 во голема мера се остварија. Од самиот почеток на летото, и во поголемиот дел на месец јули  подрачјето на југоисточна Европа и Македонија се наоѓаа под влијание на суптропски појас со висок воздушен притисок, антициклонално, стабилно време со изразен прилив на топлина од Афричкиот континент. Во услови на подолго задржување (опстојување) на оваа распределба на полето на притисокот и температурата, и постојаното  загревање, на копното и приземниот слој на атмосферата во Македонија се манифестираа серија топлотни бранови со многу високи температури, тропски ноќи во урбаните средини, како резултат на формирање топлински острови. Последниот топлотен бран кон крајот на месец јули, беше навистина многу интензивен со екстремни температури на воздухот кои по долината на реката Вардар надминуваа и 40 , додека максималните бе уште повисои.

Климатските промени и екстремната топлина ова лето

Климатските промени, се дополнителен фактор за ова летно сезонско сценарио, од аспект на глобалниот тренд на пораст на температурите,  како и зачестена појава на временски и климатски екстреми (топлотни бранови, суши, пожари, грмотевични бури, ненадејни поплави, силни ветрови). Но истите претставуваат еден долгорочен тренд на промената на климата во една географска област. Внатре во рамките на климасткиот систем се случуваат и меѓугодишни или сезонски осцилации кои се познати како климатски колебања или варијации.

Овие климатски модови (феномени) се основни двигатели на времето во глобална рамка. Истите, се менуваат во зависност од отстапувањата на полето на температурата и притисокот во одделни области, центрите со низок и висок воздушен притисок, температурата на површината на морињата и океаните, глобалната атмосферска и океанска циркулација, млазните струи, атмосферски системи и фронтови.

Екстремно топло време во текот на летото може да има значителни влијанија врз многу аспекти на човечкиот живот, посебно здравјето на луѓето, економијата и природната средина. Екстремната топлина  и дефицитот на врнежи донесоа и појава на суши, кои негативно се одразија не само врз земјоделските активности но и во однос на водоснабдувањето и поголемата потрошувачка на електрична енергија. Но она што најмногу ја погоди нашата земја во овој летен период се шумските пожари. Иако човечкиот фактор (несовесноста, неодговорноста и невниманието) се главни фактори за зачестените пожари, сепак распламтување и ширењето на пожарите во голема мера зависат од метеоролошките и топографски карактеристики на областа (многу високи температури, загреано и суво тло, сува атмосфера со мала релативна влажност, специфична вегетација која брзо согорува, засилен ветер и др.).

Дополнително, во услови на загреано копно, и атмосфера, при мала промена на полето на притисокот и температурата на висина, со прилив на поладен воздух можат да ја дестабилизираат атмосферата и да создадат услови за развој на силни грмотевични облаци. Токму тоа се случи во неколку наврати, иако истите повеќе се манифестираа со силни разурнувачки удари на ветер (уништување на покриви, корнење стебла и загрозување лица) но и во два наврати грмотевичните бури се манифестираа во форма на локална временска непогода со интензивни врнежи и поплави и појава на крупни зрна град).

Сезонски изгледи и проценки до крајот на летото

Иако прогнозата има своја временска рамка на остварливост, пожено е за потребите на планирањрто на институциите, посебно оние одговрони за справување со вакви временски и климатски ризици, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, кризниот штаб на Владата, периодично да се подготвуваат информации или билтени со анализа и сезонска прогноза за развојот на времето и можните неповолни временски влијанија, проценка на евентуалните ризици од истите.  Овие информации, колку и да се со помала остварливост поради природата на атмосферските процеси, даваат една ориентациона слика за можните временски сценарија, кои можат да ја засегнат економијата на нашата ранлива земја, и да имаат последици врз  безбедноста и сигурноста на луѓето, материјалните добра, и одржливиот развој.

Температури. На основа на сезонските прогнози, првенствено излезните продукти од водечкиот Европски центар за среднорочна прогноза на времето, како и податоците од други атмосферско климатски модели, во тековниот месец август се очекуваат релативно повисоки температури на воздухот. Првата седмица од 8-15 август температурите ќе бидат во рамките на просечните за овој месец, со исклучок на крајните западни и североисточни делови каде се забележува позитивна аномалија во интервалот од 1 до 3 . Ова со други зборови знàчи дека ако средномесечната температура на воздухот за Скопје според податоците од УХМР изнесува 24.6 , истата ќе изнесува околу 26.7 . Карактеристично е дека во периодот од 12-19 август подрачјето на југоисточна Европа (и северните делови од нашата земја) ќе се наоѓа во еден поширок појас со многу високи температури на воздухот, со отстапување поголемо од 3 .

Ова секако ќе биде резултат на поставеноста и влијанието на баричкиот гребен, позициониран во северозападниот дел на Афричкиот континент, кој ќе овозможи прилив на многу топол врел воздух во регионот и појава на нов топлотен бран. Од 19 август до 9 септември, позитивен тренд, т.е. повисоки температури (1 до 3  во однос на просечните за овие месеци, но сепак со извесно намалување во однос на предвидените за средината на месец август, за да од 9-16 септември постепено попушта топлината.

Екстремни температури. Според проценките за потпол август во однос на просечниот, и наговестувањата за топлотен бран во горе наведениот период,  летото очигледно не попушта во однос на топлината, но со малку понамален интензитет во однос на првата половина, кога забележавме серија тополтни бранови и екстремна топлина. Летото е прекрасно доба, со сиот сончев сјај и убавина, со прекрàсни мигови  за одмор и релаксација на море, планина, езеро или друга локација, но истото кога се во прашање високите температури носи и ризици, не само во однос на пожарите, но и во однос на екстремата топлина и здравјето на луѓето, хроничните болни, изнемоштени луѓе и оние чувствителни, бидејки екстремата топлина и УВ-зрачењето може да предизвикаат негативни здравствени ефекти од (топлотна исцрпеност, едеми, несвестица, топлотни удари), до кожни заболувања, алергии, осипи, фотостареење. Според прогнозата на топлотниот индекс (Сл. 2), како резултат влијанието нà топлотниот бран, од 11 до 18 август, поголемиот дел од нашата земја ќе биде во портокалов сегмент, кој во зависност од критериумите и детерминираните прагови, упатува на многу висок ризик од топлина.

Во деновите од 13-17 август, во Скопското градско подрачје, особено во југоисточните делови, во реонот на Д. Капија и Гевгелија, по долината на реката Вардар  се забележува и една мала област со екстремна топлина, каде максималните температури ќе надминат 40 .

Дефицит на врнежи и појава суши. Во однос на врнежите се прогнозира дефицит (намалена месечна сума врнежи), од 5-12 август од 0-10 % (мм) а во северозападните делови и до 30 % (мм), за да продолжи ова негативно отстапување на врнежите од просечните за овој месец (0 до 10 %) се до 19 август, по што следува период кога истите ќе бидат во рамките на просечните се до крајот на летото. Просечните месечна сума врнежи за Скопје за месец август изнесува околу 37.4 мм додека за месец септември 44.1 мм. Интересно е да се забележи дека во средината на овој месец, околу 14 август, топлиот бран и екстремната топлина ќе бидат постепено заменети со  прилив на поладен воздух од северозапад но ќе настапи и поголема дестабилизација на временските услови, кога во делови од југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, БиХ, западните и северозападни делови од Србија) се очекува развој на конвективни  облаци, но можно е иницирање на суперќелиски бури, кои локално ќе се манифестираат во форма на опасно невреме со поројни врнежи, крупни зрна град, силни удари на ветерот и ненадејни поплави. Влијанието на ова фронтално пореметување кај нас би требало да се почуствува на 15 август (можно и порано), кога се можни слични сценарија, но за подетално неопходно е да се следат редовните временски информации, за евентуална промена, трансформирање или интензивирање на овој систем.

Слични сезонски проценки за позитивен тренд во однос на температурите на воздухот во месеците август и септември, се добиваат од излезните податоци на атмосферско-климатскиот модел на NCEP-NOAA во САД, но помали отстапувања во интервалот од 1 до 2  за месец август во целата земја, додека во септември 0.5 до 1 , со исклучок на северозападните делови каде се прогнозира повисока температура од 1 до 2 .

За врнежите нема отстапување од просечните за овој месец, освен во јужните делови каде се забележува дефицит (-0.2 до -0.4 мм) и појава на суши.  Според овој модел месец септември ќе биде повлажен (0.2 до 0.4)  на југозапад, а за останатите области нема отстапување.

Можни неповолни временски влијанија

Иако атмосферските системи и процеси имаат просторна и временска рамка на остварливост, сепак се обидовме да подготвиме еден сет со среднорочни прикази за можните негативни последици во однос на вакво сезонско (климатско-временско) сценарио.

Пожари. Во услови на зголемени температури на воздухот во текот на месец август, појава на серија топлотни бранови поврзани со екстремна топлина, продлжено лето во септември, недостаток (дефицит) на врнежи, сува атмосфера, почва и промена на вегетација, како и дополнителните фактори кои влијаат на распламтување и ширење на огнените стихии, до крајот на летото според горе наведеното неопходно е да се стави акцент на контролата на шумските пожари.  Иако, станува збор за комплексен проблем, каде е нопходен организиран и координаиран пристап, градење и јакнење на капацитетот на надлежните институции, кадровска екипираност, човечки ресурси, примена на современи технологии, регионален пристап, семинари и обуки обуки за персоналот со цел поуспешни оператвни активности, јакнење на свеста на грашаните да ја сочувуваат природната животна средина, сепак значајни се и превентивните активности за поуспешно справување со кризата. Иако, ова води кон подетален осврт за потребите од воспоставувањето на современ центар за рана најава на повеќестепени хазарди, со цел носење превентивни мерки неколку денови однапред, како би се ублажиле негативните последици. Еден таков пример за прогноза на метеоролошкиот индекс за опасност од пожари е претставен на Сл. 3. Податоците се однесуваат за Македонија за период од 9 -17 август 2024.  Податоците секојдневно се ажурираaт  на серверот на ФИНКИ, со користење почетни податоци од еден од глобалните модели GFS, со резолуција 0.25 deg, обезбедени од метеоролошките набљудувања. Нашата експериментална алатка користи WRF-ARW или WRF-NMM атмосфертски модел со висока резолуција од 3-км, и систем со дијагностички алгоритам кој е развиен од страна на експерти на ПМФ и ФИНКИ, на основа на Канадскиот систем за пожари https://cwfis.cfs.nrcan.gc.ca/. Според излезните податоци за наведениот период, освен за деновите 9 и 15 август, кога постои умерен ризик за опасност од пожари, за останатите денови системот предвидува висок метеоролошки индекс со висок ризик од пожари, особено во источната половина на земјата, во појас со ориентација од северозапад кон југоисток, по должината на реката Вардар.

Овие информации се корисни, превенствено за институциите и граѓаните, бидејки истите, неколку денови (до 15) однапред даваат проценката на областите каде постои голема опасност од ширење пожари, на основа на метеоролошки услови. Иако, времето и условите постојано се менуваат, сепак неделното ажурирање на овие прогнози ќе овозможатдетална проценка на потенцијалнитеобласти каде во зависност од комплексните метеоролошки услови, вклучувајки го и ветерот  може да се распламтуваат и шират пожарите.  На овој начин, се овозможува носење на превентивни мерки од надлежните институции, локалните самоуправи, почнувајки од информации и апели до граѓаните, мерки на претпазливост, движење и други влијанија, до поконкретни мерки за надзор, подготовка, мониторинг и превентивно делување со цел намалување или ублажување на последиците.

Временски непогоди. Иако според сезонските прогнози, се предвидува потопла втора половина од летото во однос на просечното, сепак не се исклучува веројатноста за повремено дестабизлирање на атмосферата и прекинување, или само благо сторнирање на топлината.  Според нашата софистицирана алаткa NOTHAS, која е овојпат искористена за подготовка на продолжена прогноза и алерти за можни временски непогоди, со проценки за 10 денови однапред (Сл. 4), освен за 9 август во југозападните делови, во Охридско-Преспанскиот регион, не се забележува  поизразено ниво на алерти, т.е. опасност од појава на временски непогоди. Но како што напоменавме, Европскиот центар за средината на месецот (14-15 август) предвидува дестабилизација на времето, кога се можни и негативни влијанија (грмотевици, силен ветер, поројни врнежи, град). Слични временски прилики би требало да се очекуваат и до крајот на август,  со само повремени промени кои ќе бидат се поретки како влегуваме во септември, поради постепеното намалување на денот, зголемување на ноќта, намалување на температурите во текот на ноќта и утрата, атмосферата ќе биде поизбалансирана со постепено намалување на опасностите.







Занимливости