СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ГОЛЕМИ ТЕМПЕРАТУРНИ АНОМАЛИИ ЈА ОЧЕКУВААТ ЕВРОПА: Балканот и Македонија ќе бидат на удар на топлотниот бран “ЛУЦИФЕР”
Следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник во Европа ќе има големи температурни аномалии. Од една страна, ние во Македонија, како и целиот Балкански полуостров ќе биде зафатен од топлотниот бран “ЛУЦИФЕР” и истиот ќе услови насекаде да има екстремно високи температури на воздухот кој на многу места ќе се искачат до околу, па и над 35 степени.
Локално во регионот, како и во нашата Македонија температурите ќе се искачат до, па дури и над 40 степени.

Од топлотниот бран “ЛУЦИФЕР” ќе биде зафатен најголем дел од Европскиот Континент, особено јужна, југоисточна, и југозападна Европа. Температурите ќе бидат значително над просекот, односно тие ќе бидат повисоки од нормалните дури и за повеќе од 10 степени.
Од друга страна, североистокот и истокот на континентот ќе биде зафатен од циклонска активност и од многу постуден воздушен бран кој ќе услови во овие предели да има врнежливо и невообичаено студено време за месец август.

Во нашиот дел од континентот и понатаму врнежите ќе бидат значително потпросечни, што значи дека сушата ќе ја имаме и следната седмица, па токму поради ова, но и поради екстремно високите температури, останува зголемениот ризик од појава на нови шумски пожари, па затоа апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни како се однесуваат со природата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден беше топол и со пријатни летни температури на воздухот. Попладнево како што веќе кажав во централните предели од Македонија беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во Неготино имаше појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Нестабилноста беше со правец на движење од запад [...]

by