НАЈНОВА ВЕСТ: Пожарот на Галичица целосно е изгаснат поради обилните врнежи од дожд
Изгаснат е пожарот на Галичица откако во овој дел заврна дожд. Како што велат од Центарот за управување со кризи, на Галичица веќе нема оган, а под контрола е ставен и пожарот кај Јасен, кој гори 25 дена.
Пожарот на територијата на Општина Долнени, кој се движи кон селото Зрзе, е тежок за гаснење и со голем обем, горат нискостеблесто растение и трева. Таму денеска е голем празник во манастирот и апелирам до сите верници да бидат внимателни. За селото Гари нема опасност бидејќи кракот кој се движеше натаму е изгаснат и сега гори во друг правец, но имаме најави дека и таму попладнево ќе заврне“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Како што кажа Ангелов, повторно е активиран пожарот кај Пробиштип во близина на фотоволтаиците и се движи кон Злетово.
Заклучно со денешниот ден, на територијата на државата имало 667 пожари на отворен простор, од кои 98 шумски пожари и повеќето од нив тешки за гаснење.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by