“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈНОВА ВЕСТ: Големата суша и топлина во Македонија би можела да потрае уште најмалку две недели
Почитувани мои, според најновите излези на прогностичките модели со кои располагам, големата суша и топлина во Македонија би можеле да потраат уште најмалку две недели, односно најмалку до 18 август. До тогаш продолжува долгиот период на сушно и стабилно време со многу сонце и топлина. Сепак, во попладневните часови ќе има појава на мала до умерена локална облачност, а само во планинските предели не се исклучува можноста за многу ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи (ништо посебно).
Повремено ќе засилува ветер од променлив правец. Токму сушното и многу топло време, како и повремениот засилен ветер ќе условат повторно да имаме зголемен ризик од појава на нови шумски пожари, како и нивно ширење поради очекуваниот ветер. Во ваква ситуација, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни како се однесуваат со природата.
Што се однесува до температурите, тие и во следните две недели насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе достигнуваат и до близу 40 степени. Многу висок останува и Ув индексот кој ќе има вредност 8.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by