ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Наврнаа максимални 30 литри дожд

Во текот на вчерашната вечер  и во текот на изминатата ноќ се до утринските часови од денешниот ден Четврток 4 Јуни 2026, територијата на Македонија беше под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив се преместуваше над нашата територија  и услови на повеќе места во Македонија облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Локално атмосферските процеси беа поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер  и со електрични празнења. Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Маврово и тоа 30 литри на метар квадратен дожд, потоа и во Лазарополе каде наврнаа 27 литри дожд на метар квадратен.

Од градовите пак најмногу дожд до 8 часот утрово наврна во Крива Паланка и тоа 23 литри на метар квадратен дожд.

На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените минимални температури по градови и места во Македонија за денешниот ден Четврток 4 Јуни 2026 до 8 часот утрово, како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа, исто така до 8 часот утрово, и тоа на мерните станици на УХМР.







Занимливости