СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Град и силен ветер на повеќе места

На ден Четврток 28 Мај 2026 во попладневните часови и тоа под влијание на Атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина дојде до поголема детсабилизација на атмосферата и на повеќето места во Македонија имаше развој на конвективни облачни грмотевични јадра од кои имаше појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На повеќето места атмосферските процеси беа поинтензивни и имаше појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со локална појава на град.

Најмногу дожд на ден Четврток 28 Мај 2026 до 20 часот наврна во Крушево, и тоа 28 литри на метар крадратен дожд.

Првото видео доаѓа од Крушево каде силното невреме со силен град побеле се како да е снег

Исто така фотографиите погоре доаѓаат од Крушево каде може да се види дека силниот град побеле се како да е снег.

Видеото погоре доаѓа од Кочани каде исто така имаше појава на силно невреме со силен пороен дожд, грмежи и засилен ветер на ден Четврток 28 Мај 2026.

Невреме имаше и во Струшко Лабуништа на ден Четврток 28 Мај 2026 во попладневните часови каде исто така имаше појава на град.

И во Скопскиот регион исто така на ден Четврток 28 Мај 2026 во попладневните часови беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер , локално со поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме.







Занимливости