СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Град и силен ветер на повеќе места
На ден Четврток 28 Мај 2026 во попладневните часови и тоа под влијание на Атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина дојде до поголема детсабилизација на атмосферата и на повеќето места во Македонија имаше развој на конвективни облачни грмотевични јадра од кои имаше појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На повеќето места атмосферските процеси беа поинтензивни и имаше појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со локална појава на град.
Најмногу дожд на ден Четврток 28 Мај 2026 до 20 часот наврна во Крушево, и тоа 28 литри на метар крадратен дожд.
Првото видео доаѓа од Крушево каде силното невреме со силен град побеле се како да е снег
Исто така фотографиите погоре доаѓаат од Крушево каде може да се види дека силниот град побеле се како да е снег.
Видеото погоре доаѓа од Кочани каде исто така имаше појава на силно невреме со силен пороен дожд, грмежи и засилен ветер на ден Четврток 28 Мај 2026.
Невреме имаше и во Струшко Лабуништа на ден Четврток 28 Мај 2026 во попладневните часови каде исто така имаше појава на град.
И во Скопскиот регион исто така на ден Четврток 28 Мај 2026 во попладневните часови беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер , локално со поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by