Среда 27 Мај 2026: Вистинско лето, измерени 34 степени во Македонија
Денешниот ден Среда 27 Мај 2026 повторно во Македонија ни донесе вистински летни температури на воздухот. Нашата територија се наоѓа под влијание на умерен топлотен бран кој продира од Африка. Времето е сончево со појава на мала до умерена локална облачност.
Во попладневните часови од денешниот ден во североисточните и во источните планински предели имаше локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Најтопло денес до 17 часот беше во Велес каде максималната температура се искачи до 34 степени.

На табелата која попладнево ја објави УХМР можете да ги видите измерените максимални дневни температури на воздухот по градови и места во Македонија попладнево до 17 часот, како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 9 часа исто така до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by