Петок и Сабота 29/30 Мај 2026: Стабилно и сончево време со свежи утра
Под влијание на стабилна, сува и на малку посвежа воздушна маса од север во деновите петок и сабота 29/30 Мај 2026 во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Во Скопје и околината исто така во деновите петок и сабота 29/30 Мај 2026 времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност а ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Утрата ќе бидат посвежи со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 12 степени а во Скопје наутро температурата ќе се спушти до околу 10 степени.
Максималните дневни температури исто така ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени а во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 28 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by