ЗИМАТА ДОПРВА ДОАЃА: ГОЛЕМ СТУД, ДОЖД, И МНОГУ СНЕГ СЕ ДВИЖАТ КОН ЕВРОПА, БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА!
Под влијание на изразена влажна и студена воздушна маса од север, од утре па натаму во Македонија ќе имаме НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО време со потпросечни температури на воздухот за овој период од годината. Сето ова ќе биде проследено со повремено ЗАСИЛЕН ветер од северен и од североисточен правец.
Низ целата наша територија ќе има и врнежи од дожд и особено утре попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник на повеќе места врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог). На планините, како и на повисоките места со надморска височина од 1000 метри па нагоре и тоа во западните предели ќе има врнежи од СНЕГ.
Снежната граница повремено и тоа особено во западните предели би можела да се спушти дури и под 1000 метри, со што појава на ЛАПАВИЦА е можна и понекаде на пониските места (градовите).
На повисоките места (од 1000 метри па нагоре) ќе се формира снежна покривка од над 15 цм, додека на планините дури и над 20 цм снег, особено на запад и северозапад од Македонија.
Во Скопје се очекува слично време со врнежи од дожд и снег на околните планини. Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат.
Во текот на седмицата која е пред нас температурите ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во однос на сегашните, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 12 степени во најтоплите југоисточни предели. Наутро пак температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под нулата.
Инаку МОЌНИОТ студен бран ќе зафати поголем дел од Европа и Балканот, и на повеќе места ќе услови снег и снежна покривка, особено на Балканот, поради тоа што влажниот бран доаѓа токму од југ и југозапад (од Медитеранот).
НАПОМЕНА: Со овој голем влажен и студен воздушен бран снежна покривка би можела да се формира и на местата со надморска височина од под 1000 метри, и тоа во западните предели.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]

by