ВОНРЕДНО МЕТЕО: Следната седмица во Македонија рекордни температури дури до 47 степени – Во соседна Грција дури до речиси 50 степени (под сенка)!
Опасниот топлотен Африкански бран во Македонија и во регионот ќе се задржи најмалку уште дестина денови и ќе донесе уште повисоки температури на воздухот, како и екстремно висок Ув индекс со вредност (10). Токму поради ова на граѓаните и понатаму им препорачуваме да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности.
Времето и понатаму ќе биде претежно сончево и стабилно без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, ветерот повремено ќе засилува на интензитет.
Температурите и во текот на следната седмица во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 35 степени, додека понекаде и тоа особено во централните и во југоисточните предели тие ќе надминуваат и 40 степени. Барем според сегашните достапни метео анализи, не се исклучува можноста кон крајот на следната седмица температурите во најтоплите предели од Македонија да надминат и 45 степени, односно можно е да имаме рекордни температури дури до 46, 47 степени.
Во соседна Грција температурите се очекува да се искачат дури до близу 50 степени.
Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу, повремено и над 40 степени во текот на следната седмица.
Минималните температури во Скопје, како и во централните и во југоисточните предели од Македонија во текот на следните ноќи нема да се спуштаат под 20 степени, што значи дека очекуваме “Тропски ноќи”.
НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат над 50 степени, а понекаде дури до околу 60 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]