Во Вторник и во Среда 16/17 Јуни 2026 ново невреме доаѓа во Македонија
Под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина во Вторник и во Среда 16/17 Јуни 2026 во Македонија во попладневните часови ќе дојде до ново поголемо дестабилизирање на атмосферата и формирање на фронтални и нестабилни влажни бранови. Ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои на повеќе места во Македонија очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион во Вторник и во Среда 16/17 Јуни 2026 во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со град.
Што се однесува до температурите, тие во овие два дена ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 30/31 степен.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by