Пред падот на температурите, денес се измерени максимални 36 степени

Денешниот ден Четврток 11 Јуни 2026 во Македонија ни донесе значително топло време а најтопло до 17 часот попладнево беше во Велес каде е измерена досега највисоката температура оваа година, и тоа се измерени максимални 36 степени.

Во попладневните часови денес особено во источните  и во северозападните планински предели имаше развој на конвективни облачни грмотевични јадра од кои имаше појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во изминатите 9 часа до 17 часот попладнево на Попова Шапка наврна 1 литар на метар квадратен дожд.

На табелата која попладнево ја објави УХМР можете да ги видите денешните максимални температури по градови и места во Македонија до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.







Занимливости