Доста свежо утро во Македонија: Температури под просекот за јуни
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени.
Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од северен правец во Македонија очекувам во текот на викендов.
Најсвежо ова утро од градовите во Македонија беше во Берово и во Крива Паланка. Во Берово ова утро температурата се спушти на 5 степени, а во Крива Паланка температурата се спушти на 7 степени ова утро.
Денес Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до оклу 27 степени. Ќе имаме претежно сончев и во целост стабилен ден со појава на сосема мала локална облачност. Слично време ќе имаме и утре Недела 14 Јуни 2026.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by