Во следните денови топлотен Африкански бран во Македонија – Температури до 39 степени!
Под влијание на топла воздушна маса од Африка, времето во Македонија во следните денови ќе биде стабилно, суво и претежно сончево. Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, на повеќе места тие ќе надминуваат и 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе достигне до 39 степени.
Да напоменеме дека овие температури и не се екстремно високи, како што имавме за време на првиот екстремно топол Африкански бран.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и во следните денови ќе има вредност помеѓу 8 и 9.
Во Скопје за време на овој топол бран температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 35 степени.
Повисоки ќе бидат и минамалните утрински температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Страшно невреме го погоди бугарското приморје, при што загинаа три лица, а властите прогласија вонредна состојба во општините Несебар и Царево. Големи поплави и човечки жртви. Според официјалните податоци, една жртва е пронајдена во подрум на хотел во Елените, додека животите ги загубиле и багерист-доброволец кој расчистувал, како и граничен полицаец што се обидувал да спаси други луѓе. Штетите [...]