Владо Спиридонов, Доктор по Метеорологија со сезонска анализа на времето за претстојната Пролет – Таа ќе биде потопла и променлива!
Господин Владо Спиридонов, Доктор по Метеорологија излезе со сезонска анализа на времето за претстојната Пролет. Што може да очекуваме?!
Во денешното гостување во утринската програма “Здраво Македонија” на Канал 5 телевизија тој изјави дека пред нас е поблага пролет со повисоки температури на воздухот. Но сепак не се исклучува можноста до крајот на март да се случи и појави и по некоја снегулка, особено на планините. Врнежите во март ќе ги има, но ќе бидат повремени.
Во сезонската пролетна прогноза тој изјави дека поврнежливо и понестабилно време ќе имаме во втората половина од пролетта, додека од Април може да се очекуваат и се повеќе нестабилни процеси со грмежи.
Дел од денешното гостување на професорот Владо Спиридонов на Канал 5 телевизија погледнете го во продолжение
Здраво Македонијо – 06.03.2024 дел 1
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by