Висински циклон викендов ни носи попладневен локален дожд и појава на грмежи
Викендов (сабота и недела 14/15 март) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висински циклонски систем кој ќе се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент. Во ваква ситуација, по претежно стабилното и сончево утро и претпладне, во попладневните часови ќе имаме повеќе облачност и локален развој на конвективна облачност од која очекувам појава на локален дожд проследен со ретки грмежи како и со засилување на ветерот во зоната на нестабилност.
На високите планини пак над 1900/2000 метри ќе провејува снег.
И во Скопје и околината викендов ќе има услови за локален попладневен дожд и услови за ретки грмежи како и со засилување на ветерот. Наутро температурите пак на повеќе места во Македонија ќе се спуштаат до околу или за некој степен под нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 0 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 18 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Изминативе неколку денови Франција е погодена од екстремно топол бран кој условува да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места надминуваат 40 степени. Активен е црвен метеоролошки аларм во Франција поради екстремно високите температури на воздухот. На метеоролошката карта многу добро може да се види дека на многу места вчера понеделник, 22 јуни температурите во Франција [...]


by