Изминатата ноќ, во повеќе градови во Македонија беше тропска ноќ

Изминатата ноќ на повеќе места во Македонија беше тропска ноќ каде што температурите не се спуштија под 20 степени. На Скопје Зајчев Рид изминатата ноќ температурата изнесуваше 23 степени, во Гевгелија 22 степени, Во Струмица, Штип и во Виница таа изнесуваше 21 степен. Исто така 21 степен изминатата ноќ е измерен и во Тополчани а на Ѓуриште таа изнесуваше 20 степени.

Ова утро во Македонија насекаде е ведро и релативно топло без некој изразен ветер.

На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури изминатата ноќ во Македонија.







Занимливости