Уживајте во времето оваа недела – Од понеделник голема промена!
Како што веќе најавивме, оваа недела можете да уживате во релативно убавото и суво време, температурите иако пониски, сепак и понатаму ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината и на повеќе места ќе се искачуваат до околу, па и над 10 степени, додека наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу или под нулата.
Веќе следната недела во регионот, но и кај нас доаѓа голема промена на времето и длабок циклон од запад. Промената на времето ќе започне уште од понеделник.
Следната седмица очекуваме заладување на времето и чести и обилни врнежи од дожд и од снег на планините, а потоа со заладувањето снег може да се очекува на многу места во регионот и на пониските места (градовите), па така и во Македонија. Можно е да се соочиме и со значителни количества на дожд и снег. Се поголеми се шансите дека во последната декада од овој месец зимата и тоа како ќе го оправда своето име.
- Состојбата будно ја следиме, што значи наскоро следуваат нови и по потреба обновени метео информации околу очекуваната голема промена на времет о која ја очекуваме уште од самиот почеток на следната недела.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by