Топол и релативно сув викенд пред нас – Од понеделник нови обилни врнежи од дожд, грмежи и силен јужен ветер (над 70 км/час)
Како што и претходно кажавме и најавивме, пред нас е топол и релативно стабилен и сув викенд, иако локално можни се сосема слаби врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 15 степени, во централните и југоисточните предели температурата ќе се искачи и до околу или близу 20 степени.
Сепак овој викенд ќе засилува јужниот ветер, што ќе биде најава за нова голема промена на времето од понеделник.
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/
Во понеделник и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот ќе има нови обилни врнежи од дожд, проследени со гремежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).
Локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме, а можна е и појава на град. Остануваат релативно високите температури и покрај очекуваната нестабилност и врнежи.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]