ТОПОЛ АВГУСТ: Следниот месец ќе биде потопол од повеќе деценискиот просек!
Следниот месец, односно месец август 2025 година ќе ни биде потопол за 2 до 3 степени од повеќе деценискиот просек (односно од периодот 1993 – 2016 година). Ова значи дека топлотни бранови ќе има и во текот на месец август, и тие повремено ќе бидат и нешто поинтензивни, односно повторно ќе ни донесат температури до околу, а можни се температури и над 40 степени, особено во Повардарието.
Топлотни бранови во текот на месец август 2025 година ќе има во најголем дел од Европскиот Континент.

Што се однесува пак до врнежите, тие ќе бидат околу просекот за месец август. Повремено очекуваме дестабилизација на атмосферата која би донела и повремени поројни врнежи од дожд, грмежи, ветер а локално може да очекуваме и нови временски непогоди на Балканот, во Македонија како и пошироко во Европа.
Се на се, вистинските летни температури на воздухот продолжуваат и во текот на месец август 2025 година, со повремни освежување и развој на нестабилност проследена со врнежи и грмежи.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by