Топол Африкански бран со температури до 40 степени во Македонија – Но доаѓа ново невреме!

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ (северна Африка), денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ветерот од северен и од североисточен правец полека ќе го намалува својот интензитет.

Сепак во попладневните часови постојат услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Нестабилноста проследена со врнежи и грмежи ќе биде се поголема и ќе ја има на повеќе места од четврток па натаму, кога ќе има и појава на локално невреме.

Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе достигне до 40 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8).

Во Скопје исто така температурата ќе надминува 35 степени, но во следните денови во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
  • Фото: Удар на гром во Охридско езеро (19.08.2023)







Занимливости

  • 01 Јун 2026

    Денешниот ден Понеделник 1 Јуни 2026 во Македонија беше вистински летен со вистински летни максимални дсневни температури на воздухот. Најтопло попладнево до 17 часот беше во Велес каде се измерени максимални 34 степени. Сепак, попладнево особено во централните предели од Македонија беше нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер а локално особено во планинските предели беше регистрирана  и појава [...]