Почетокот на јуни ни носи попладневна нестабилност и локално невреме
Под влијание на малку поладен воздух на висина поврзан со атмосферски фронт од север и на високи летни температури на воздухот во долниот слој од атмосферата денот недела 31 Мај 2026, како и во првите денови од месец јуни во Македонија особено во попладневните часови ќе имаме дестабилизација на атмосферата.
Во ваква ситуација локално ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Температурите пак ќе бидат во пораст и тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, додека во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 31 степен.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by