ТОПЛИОТ “ЕЛ НИЊО” СИ ГО ПРАВИ СВОЕТО: Oваа недела уште потопла од минатата!
Невообичаено топлото време за овој период од годината, благодарение на топлиот метеоролошки феномен “Ел Нињо” ќе продолжи и во текот на оваа недела, температурите и понатаму речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели повремено тие ќе се искачуваат и до пролетни 20 степени.
Сепак ќе има повеќе облачност, а нов, овој пат поголем влажен воздушен бран од Медитеранот очекуваме од четврток. Овој влажен бран локално ќе донесе пообилни врнежи од дожд и позначително количество на воден талог. Сето ова повторно ќе биде проследено со засилен ветер од југоисточен правец, најиздразен Долж Повардарието.
- Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/
Во Скопје исто така очекуваме слично време како и во останатите предели од државава.

Мора да напоменеме дека поради изразеното јужно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија, како и во поголем дел од Европа и Балканот се очекува транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена. Се очекува значително да ја има оваа прашина и песок од Сахара.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе ладно утро со температури кои на повеќе места се спуштија за неколку степени под нулата и имаше појава на слаб мрз. Исто така ова утро имаше појава и на умерена облачност а беше претежно тивко и без некој изразен ветер. На табелата објавена од страна на УХМР може да видиме дека најладно утрово [...]

by