Турбулентно време: Моќен циклон од Џенова ја зафаќа Македонија
Територијата на Македонија полека подпаѓа под влијание на моќниот циклонски систем од Џенова па така во западните предели полека ќе започнуваат локални врнежи од дожд а на планините над 1600/1700 метри надморска височина ќе врне снег.
Во текот на следната седмица пак не очекува турбулентно време во Македонија. Тоа значи дека повремено ќе имаме обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Ќе има услови и за ретка појава на грмежи. На планините пак над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег а поради повремен продор на ладен воздух од север повремено снежната граница ќе се спушта до околу па и под 1000 метри надморска височина што значи дека повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во повисоките населени места. На планинските места и на Скијачките центри ќе дојде до зголемување на снежната покривка.
Во Скопје и околината со овој моќен циклон од Џенова во текот на следната седмица повремено ќе имаме пообилни врнежи од дожд а на околните планини повремено ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Локално во текот на следната седмица ќе наврне големо количество на воден талог.
Во следните мои метео објави следува уште подетална и појасна метео анализа токму околу овој моќен циклон од Џенова.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by