Циклонален вртлог од Џенова ни носи нови дождови и снегови во Македонија
Под влијание на циклонален вртлог со центар над Џеновскиот залив се до крајот на седмицава во Македонија ќе имаме многу променливо време со чести локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. На планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег а кон крајот на седмицава врнежи од дожд и од снег ќе има и во дел од градовите особено во западните и во северните предели од Македонија.
Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет а кон крајот на седмицава ветерот ќе го промени својот правец во северен.
До крајот на седмицава локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог и тоа над 25 литри на метар квадратен воден талог. На планинските места и на Скијачките центри снежната покривка ќе се зголеми и ќе се прошири.
И во Скопје и околината до крајот на седмицава ќе имаме повремен дожд а на околните планини повремено ќе провејува снег. Ќе засилува ветер од јужен и од југоисточен а кон крајот на седмицава од северен правец.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, меѓутоа за време на викендот температурите ќе опаѓаат и тоа поради продор на поладен воздух од север.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Значително свежо утро беше денешното Недела 17 Мај 2026 со минимални температури кои насекаде во Македонија беа под просекот за месец Мај. Најладно ова утро беше на Попова Шапка со измерени само 1 степен. Токму на Попова Шапка ова утро се забележани и слаби врнежи од снег. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените [...]


by