Топлиот бран во Македонија продолжува се до крајот на оваа недела!
Топлиот бран од Африка кој зафати голем дел од европа, цел регион, како и Македонија, ќе продолжи се до крајот на оваа недела, и истиот ќе придонесе и понатаму да имаме многу топло време со висока вредност на Ув индексот 9.
Сепак, во недела во попладневните часови ќе има појава на изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, но и услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен. И во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 40/41 степен.
Апелирам, поради многу топлото време, но и поради високата вредност на Ув индексот, граѓаните, особено оние повозрасните, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во нашата Република Македонија донесе многу ладно време со невообичаено ниски температури на воздухот а на повеќе места беше и врнежливо со што поради заладувањето снег врнеше и во делови од градовите во западните и во северните предели од нашата Македонија. Најладно утрово беше на Попова Шапка со измерени -4 степени. Најмногу дожд во изминатите 24 часа [...]