МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Невообичаено ладно и врнежливо време во Македонија!
Попладнево насекаде во нашата Македонија е невообичаено ладно за самиот почеток на октомври и исто така е врнежливо и ветровито со повремено засилен ветер од северен правец. Веќе на планинските места имаме и октомвриска снежна идила и формирање на снежна покривка која понатаму ќе се зголемува а снежната граница полека ќе се спушта пониско.

На табелата можете да ги видите температурите измерени попладнево по градови и места во нашата Македонија до 14 часот, како и наврнатото количество на воден талог во изминатите 6 часа, исто така до 14 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку нашата Македонија се наоѓа под влијание на многу ладна и влажна воздушна маса која продира од исток и од североисток, односно од Русија и истата условува да имаме невообичаено ладно и врнежливо време за самиот почеток на месец октомври.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by