ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗАБРЗАНО ПАЃААТ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Врнежите од снег полека започнуваат!
Попладнево започна да се зголемува снежната покривка на Скијачките центри, па така речиси 40 сантиметри снег има на Попова Шапка, и 21 сантиметар во Маврово. Но врнежите од снег од југозапад и југ вечерва и претстојната ноќ значително ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде низ Македонија, со формирање на голема снежна покривка, како и со повремено засилен северен ветер, кој ќе услови голем пад на температурите, појава на голомразица и на снежни наноси.
На табелата можете да ги погледнете денешните температури измерени попладнево до 16 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Во продолжение уште еднашка потсетете се на денешното најново сериозно метео предупредување, од моја страна, и тоа околу големото снежно невреме кое доаѓа од вечерва во Македонија 👇
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]