Циклон од Џенова над Македонија: Ни доаѓаат обилни врнежи и невреме
Под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив ќе се преместува над Македонија, во текот на ноќта среда кон четврток и во четврток на 4 Јуни 2026 времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен) силен ветер, електрични празнења и со услови за локална појава на град.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе опаднат и ќе биде посвежо во четврток на 4 Јуни и тоа поради продор на посвеж воздух од северозапад. Максималните дневни температури на воздухот во Македонија во четврток на 4 Јуни 2026 ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, а во Скопје и околината максималната температура во четврток на 4 Јуни 2026 ќе се искачи до околу 26 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by