МНОГУ ТОПОЛ БРАН ВО ЕВРОПА: Што ја чека Македонија во следните 10 дена?
Полека но сигруно во Македонија летото и летните температури на воздухот ни започнуваат, и тоа по долг период на нестабилно и ладно време со потпросечни температури на воздухот и со чести врнежи и грмежи како и со појава на планински снег кој го имавме до скоро време во Македонија , регионот и ширум Европскиот Континент.
Инаку деновиве во најголем дел од Европа владее многу топол бран од Африка кој условува многу високи и натпросечни температури на воздухот кои надминуваат 30 степени а во делови од Европа веќе се мерат и 35 степени, а во југозападна Европа, односно во Шпанија изминатите денови беше многу потопло каде температурите локално се искачија дури и до 39 степени, температури кои се типични за месец јули а не за месец мај.
Топлиот бран во најголем дел од Европа ќе се задржи и во следните неколку денови и ќе условува многу високи летни и натпросечни температури на воздухот.
Во моето најново метео видео обраќање до јавноста можете да слушнете какво време ќе имаме во Македонија до крајот на оваа и во текот на целата наредна недела.
Како и да е, наскоро започнуваме со плажите, плажирањето и капењето, а ваквото летно време со летни температури на воздухот без прекин и без некое поголемо освежување ќе го имаме и во следните 10 денови.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by