Атмосферски фронт над Македонија: Најава за локално краткотрајно невреме

Под влијание на атмосферски фронт со поладен воздух на висина денот Четврток 28 Мај 2026 ни носи поголема дестабилизација на Атмосферата во Македонија. Времето ќе ни биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во пладневните а особено во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за поинтензивни атмосферски процеси во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер (до околу 60 км/час) електрични празнења  и со услови за појава на град.

Услови за појава на краткотрајно невреме ќе има  и во делови од Скопската котлина проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер (до околу 60 км/час) електрични празнења  и со услови за појава на град.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 30 степени, тоа значи дека денот Четврток 28 Мај 2026 ни носи малку пониски дневни температури на воздухот но и покрај ова тие остануваат летни.







Занимливости