СЛЕДУВА ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Од недела температури и до 20 степени!
Под влијание на топла воздушна маса со потекло од северните предели на Африка, во Македонија во следните денови ќе имаме значително затоплување на времето и голем пораст, како на минималните утрински, така и на максималните дневни температури на воздухот.
Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат до околу, или малку под нулата, а тие понекаде ќе останат и позитивни, што значи дека во следните денови утрата ќе бидат значително потопли. Особено топло преку ден ќе биде во недела, како и во почетокот од следната седмица кога температурите на многу места ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели локално тие ќе достигнат дури до 20 степени.
Во Скопје и околината очекуваме слично време, значително потопло и посончево во следните денови. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3 и -1 степен, а максималната дневна ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 13 степени.
НАПОМЕНА: Температурите кои ги очекуваме во следниот период ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, тие ќе бидат повисоки од нормалните за 4 до 8 степени. Искористете ја оваа пролет во зима, поради тоа што се поизвесно е дека по 10 февруари се враќа зимата и снегот во нашите краишта.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by