СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЕКСТРЕМНО ТОПЛО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Температури до 40 степени – Во најтоплите предели тие би можеле да надминат 40 степени
Почитувани мои, во текот на следната седмица нашата територија, но и територијата на целиот Балкански Полуостров ќе се наоѓа под влијание на екстремно топол бран од Африка. Температурите на воздухот постојнано ќе бидат во пораст, па така тие насекаде ќе надминуваат 30 степени.
Во поголем дел од Македонија максималните температури ќе се искачат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и до 40 степени. Не се исклучува можноста локално тие и да надминат 40 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Само во почетокот на следната седмица ќе има услови за изолирана попладневна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Во Скопје за време на овој екстремно топол Африкански бран температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 39 степени. Секако особено во најтоплите централни и југоисточни предели очекуваме и тропски ноќи, односно температурите во ноќните и утринските часови нема да се спуштат под 20 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден беше топол и со пријатни летни температури на воздухот. Попладнево како што веќе кажав во централните предели од Македонија беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во Неготино имаше појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Нестабилноста беше со правец на движење од запад [...]


by