РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И ОВОШТАРИТЕ: Покрај обилните врнежи од дожд и снег, следната седмица можност за појава на слана и мраз!
Сите ние сме сведоци на долг период на невообичаено топло време за овој период од годината, како и со значително натпросечни температури на воздухот. Сето тоа доведе до будење на природата на повеќе места, особено во централните и во југоисточните предели од државава и расцветување на овошките.
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Сепак со оглед на нашите најави за нов студен и влажен воздушен бран во текот на следната седмица, кој ќе донесе ниски температури, особено во вторник и обилни врнежи од дожд и снег, а потоа и ниски ноќни и утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат близу 0 степени, а понекаде, особено на повисоките населени места и за некој степен под нулата.
Сето ова ќе доведе до услови за создавање на утринска појава на слана и на слаб мраз. Секако ова лошо ќе влијае врз овошките кои веќе се во фаза на будење.
Токму поради ова, ги предупредуваме , исто така и ги советување земјоделците и овоштарите навремено да превземат мерки околу навремена заштита на истите.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by