ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД МЕСЕЦ МАЈ НИ НОСИ НОВО ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, ПА ДУРИ И НОВ СНЕГ!

Според последните анализи кој ги направивме, во првата половина од мај месец ни доаѓа ново ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето кое ќе донесе нови ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, па дури и од СНЕГ.

Во првата половина од мај очекуваме ПОИНТЕНЗИВНИ СНЕЖНИ врнежи на планините особено во западните и во северозападните предели од Македонија, што значи дека нов снег очекуваме на Скијачките центри Попова Шапка, а можен е и во Маврово,  како и низ планинските превои (особено на Стража).

Поинтензивните врнежи  повремено ќе бидат проследени и со грмежи, како и со засилен ветер а можна е појава и на ситен град.

Температурите со заладувањето кое го очекуваме во текот на првата половина на мај ќе бидат МНОГУ ПОНИСКИ од вообичаените, односно ќе биде МНОГУ ПОСТУДЕНО (температурите ќе бидат пониски дури и за околу 10 степени од вообичаените за првата половина на мај). Се на се мај ќе биде многу променлив и постуден месец.

За топли Африкански продори во нашите краишта ќе се изначекаме.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочно анализирање на времето, промени во прогнозите се можни, а и добро е да ги има зошто такво студено време какво што цртаат нумеричките модели во моментот за мај месец и тоа како не ни се потребни. Многу појасна синоптичка состојба околу ова заладување ќе имаме во следните денови – следете не!

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости