Пријатно утро со локални врнежи од дожд, речиси 70 cм снег на Попова Шапка

Денешното утро во Македонија ни донесе температури кои насекаде се позитивни односно над нулата  и претежно облачно време а во јужните  и во југозападните предели имаме  и локални врнежи од дожд. на високите планини со надморска височина од над 1400/1500 метри има врнежи од дожд и од снег.

Најголема снежна покривка пак има на Попова Шапка каде таа изнесува речиси 70 сантиметри, односно околу 67 сантиметри.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро до 6 часот во Македонија.







Занимливости