Географско објаснување по земјотресот: Нема место за паника, Шар Планина се извишува
Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски појасни дека нема причина за загриженост поради последните сеизмички настани во регионот, нагласувајќи дека станува збор за природни и долготрајни геолошки процеси.
Во своја јавна објава, тој посочи дека Шар Планина и понатаму се издига, но со исклучително бавно темпо, мерливо во десетини милиметри, што е карактеристично за тектонската еволуција на планинските масиви.
„Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри (одеднаш, што и не е малку). Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме“, напиша Милевски.
Објаснувањето доаѓа по земјотресот со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Косово, а кој силно беше почувствуван во Скопје и Тетово. објави Скопје1.мк.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by