Почетокот на следната седмица ни носи нагло заладување, силен ветер и снег
Под влијание на циклонска активност која постојано се обновува и е со центар над Џеновскиот залив и истата е многу интензивна односно станува збор за длабок циклонски систем, а во исто време од север ќе се спушта многу поладен воздух кој ќе предизвика нагло заладување на времето во понеделник и во вторник 16/17 февруари.
Во ваква ситуација ќе имаме пообилни врнежи особено во вторник на 17 февруари проследени со силен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над 65 км/час и ќе услови врнежите од дожд освен на планинските и повисоките места да преминат во снег и во повеќето пониски места (градови).
Снежната покривка на планинските места и на Скијачките центри ќе се зголеми и ќе се прошири а помала снежна покривка ќе се формира и во дел од пониските места (градовите) особено во вторник 17 февруари.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by