ПОГОЛЕМ ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНЕШНАТА НОЌ И УТРЕ: НАЈАВА ЗА ОБИЛНИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ НА ВИСОКИТЕ ПЛАНИНИ!
Планините со надморска височина од над 1700 – 1800 метри, а особено оние над 2000 метри вака ќе изгледаат со новиот влажен бран кој ќе не зафати во текот на денешната вечер, ноќта кон петок и во петок
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

На овие планини ќе има обилни врнежи од снег, со што ќе се формира и позначителна снежна покривка, особено на оние планини со надморска височина од над 2000 метри, и тие кои се наоѓаат во северозападните, западните и јужните предели од Македонија.
ОЧЕКУВНА СНЕЖНА ПОКРИВКА: Од 10 до 20 сантиметри, локално и над 30 сантимери, особено над 2000 метри надморска височина!
Инаку на пониските места ќе врне дожд, и локално врнежите ќе бидат обилни, особено во западните и јужните предели од дожавава, каде локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од југоисточен праве (над 60 км/час).
Инаку фотографијата доаѓа од Ливињо, северна Италија, со што решивме со нејзе да ја направиме оваа најава!















Заследете го мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/
Исто така следете го и мојот официјален фејсбук профил и мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер
Фејсбук профил: Славчо Попоски
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]